Три лица се обвинети, а едно лице се бара откако бугарската полиција откри плантажа со канабис во 20 подземни галерии во стар рудник за цинк, објавија тамошните медиуми.
Заменик-директорот на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, Емил Борисов, изјави дека досега се запленети околу 70 килограми дрога, 600.000 евра во готово и 600 парчиња муниција, објави Ројтерс.
Едниот од упасените е обвинет за поседување дрога за дистрибуција, другиот за перење пари и нелегално поседување муниција за огнено оружје, додека сите четворица се обвинети за кривично дело заговор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












