Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, доброволно се пријавил во Затворот Скопје во Шутка, каде што почна со издржување на правосилната затворска казна од една година.
Според информациите, по пристигнувањето бил примен согласно затворските процедури и ќе биде сместен во приемното одделение на установата.
Од Основниот кривичен суд Скопје претходно соопштија дека Јакимовски бил упатен на 2 јули 2026 година да се јави во затворот, но издржувањето на казната било одложено по негово барање поради здравствени причини.
Судот побарал дополнителна медицинска документација од двете приватни здравствени установи наведени во барањето, а поради недоставување на потребните податоци испратил и ургенција. Одлуката за евентуално одложување на казната требало да биде донесена по разгледување на целокупната медицинска документација.
Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор поради незаконската изградба на општинската зграда во Карпош. Во затворската казна ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












