Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 21 степен, додека дневната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне во одделни делови од котлината можно е краткотрајно невреме со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 37 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото и многу топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Најтопло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога температурите насекаде ќе бидат над 32 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












