Охридско Езеро се најде на врвот на листата на најубави места во Европа според туристичките писатели на Time Out, оставајќи го зад себе и познатото Езеро Комо.
Во образложението се наведува дека езерото, кое се протега меѓу Северна Македонија и Албанија, нуди природна убавина без масовен туризам – со кристално чиста вода, планински пејзажи и историски градови долж брегот. Особено се издвојува Охрид, познат по калдрмисаните улици, бројните цркви и автентичната атмосфера.
Од другата страна на езерото, вниманието го привлекува и Лин, со мирна природа и традиционален изглед, што дополнително ја заокружува уникатноста на регионот.
Покрај Охридското Езеро, на листата се најдоа и Сатурнија, Џајантс Козвеј, Алберобело, Почитељ, Норвешки фјордови, Кју Гарденс, Принсенграхт, Долина Мозел и Каса Батљо.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












