• Импресум
Friday, May 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Обвинувања за селективна правда: ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на обвинителството

22/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека приговорот поднесен од ЕСМ против одлуката за запирање на истрагата за случајот „Мазут“ отвора можност предметот повторно да биде активиран и, како што наведуваат, претставува доказ за непрофесионално и селективно постапување на обвинителите Катерина Коларевиќ и Ислам Абази.

Од партијата тврдат дека истрагата не била запрена поради недостиг на докази, туку како резултат на, како што велат, политички мотивирана постапка насочена кон заштита на лица блиски до СДСМ и ДУИ.

Во нивната реакција се наведува дека приговорот на ЕСМ е директен показател дека доказите биле селективно оценувани, а дел од клучните факти биле игнорирани со цел затворање на случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, вредна 167 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ оценува и дека е проблематично тоа што, според нив, не бил извршен распит на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, додека други изјави биле земени како релевантни.

Од партијата сметаат дека ваквиот развој на настаните претставува компромитирање на истрагата и нагласуваат дека приговорот на ЕСМ може да биде основа за повторно разгледување на одлуката за нејзино запирање.

Понатаму, обвинуваат дека Обвинителството им дало поголема тежина на исказите на одредени лица, додека други клучни актери не биле опфатени во постапката.

На крајот, ВМРО-ДПМНЕ порачува дека обвинителството треба да покаже независност и да одлучи дали ќе постапува професионално или ќе биде под влијание на политички и бизнис центри на моќ.

Истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино претходно беше запрена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со образложение дека нема доволно докази за кривично дело и финансиска штета. Според првичната пријава, државата била оштетена за над 167 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

22/05/2026
Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син
Вести

Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

22/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници
Вести

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

22/05/2026
Делови од 4 општини во Скопје денеска без струја
Вести

Без струја неколку домаќинства во Скопје, најавени технички работи

22/05/2026
Исплата на бонус плата за вработените во МВР за над 150 часа прекувремена работа
Вести

МВР: Возачот изгубил контрола, ја пробил оградата и предизвикал кобен судир

22/05/2026
Конечно правда за семејствата? „Ер Франс“ и „Ербас“ осудени за убиство од небрежност
Вести

Конечно правда за семејствата? „Ер Франс“ и „Ербас“ осудени за убиство од небрежност

22/05/2026
Следна вест
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

Најнови вести

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

22/05/2026
Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

22/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

22/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Обвинувања за селективна правда: ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на обвинителството

22/05/2026
Делови од 4 општини во Скопје денеска без струја

Без струја неколку домаќинства во Скопје, најавени технички работи

22/05/2026
Исплата на бонус плата за вработените во МВР за над 150 часа прекувремена работа

МВР: Возачот изгубил контрола, ја пробил оградата и предизвикал кобен судир

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.