Бројот на жртвите од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на крајот на минатиот месец се искачи на најмалку 4.490, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес.
Според официјалните информации, бројот на загинати и понатаму расте повеќе од две недели по катастрофата. Само еден ден претходно беше соопштено дека во земјотресите животот го загубиле 4.333 лица.
Хорхе Родригес, кој е брат на привремената претседателка Делси Родригес, преку платформата „Икс“ информираше дека во 108 привремени засолништа се сместени повеќе од 19.000 граѓани кои останале без своите домови.
Двата силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што беа регистрирани повеќе од илјада последователни потреси.
Во катастрофата целосно се уништени или сериозно оштетени повеќе од 850 објекти, а најголеми последици претрпе крајбрежниот град Ла Гваира, кој се наоѓа во близина на главниот град Каракас.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












