• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Кои седишта треба да ги избегнувате? Стјуардеса открива што е најлош избор

25/05/2026
A A
Нови сезонски авиолинии: од Бодрум до Скопје од јули

Удобноста за време на летот е желба на секој патник, но кај нискобуџетните авиокомпании изборот на добро седиште често изгледа како вистински предизвик. Сепак, аргентинската стјуардеса Барби Бак откри неколку трикови кои можат да помогнат патувањето да биде значително попријатно.

Таа објаснува дека авиокомпаниите најчесто им доделуваат помалку атрактивни седишта на патниците кои не плаќаат дополнително за избор на место. Вообичаено станува збор за средни седишта, места во последните редови или позиции без прозорец.

Според неа, со мала доплата може да се обезбеди многу поголема удобност.

„На лет од четири и пол часа доплатив само 11 евра и добив седиште каде што од едната страна немав никого, што го направи патувањето многу поудобно“, вели стјуардесата.

Таа избрала место во 27. ред од десната страна на авионот, каде наместо три има само две седишта, што овозможува повеќе простор и поголема удобност за патниците.

Барби Бак предупредува дека последниот ред е меѓу најнепосакуваните места во авионот, бидејќи таму најсилно се чувствуваат турбуленциите.

Средното седиште, пак, го опишува како најнеудобна опција поради недостатокот на личен простор и близината на двајца непознати патници.

Ниту седиштето до ходникот не е секогаш идеално, особено за оние што сакаат да спијат за време на летот, бидејќи често се вознемирувани од патници кои поминуваат и од количките со храна и пијалаци.

Од друга страна, седиштата покрај излезите за итни случаи нудат повеќе простор за нозете, но носат дополнителни обврски во случај на евакуација и знаат да бидат постудени поради близината до вратите.

Првиот ред зад преградниот ѕид исто така обезбедува повеќе простор за нозете, но патниците таму не можат да го чуваат рачниот багаж под седиштето и мора да го сместат во горните прегради.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица
Вести

Катастрофа во Венецуела: Повеќе од 4.400 загинати во силните потреси

13/07/2026
Новиот систем за регистрација во ЕУ се претвори во казна за македонските граѓани
Вести

Европската Унија бележи пораст на населението и покрај негативниот природен прираст

13/07/2026
Верификувани мандатите на осум нови пратеници
Вести

Собранието ќе избира нови министри во реконструкцијата на Владата

13/07/2026
Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора
Вести

Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора

13/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Времето денеска: Сонце, умерена облачност и засилен северен ветер

13/07/2026
Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите
Забава

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
Следна вест
Владата не ја послуша Славјанка: На Лавров ќе му биде дозволено да влезе во Македонија

Тензии меѓу Русија и Украина: Лавров предупреди на систематски напади врз Киев

Најнови вести

Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица

Катастрофа во Венецуела: Повеќе од 4.400 загинати во силните потреси

13/07/2026
Новиот систем за регистрација во ЕУ се претвори во казна за македонските граѓани

Европската Унија бележи пораст на населението и покрај негативниот природен прираст

13/07/2026
Верификувани мандатите на осум нови пратеници

Собранието ќе избира нови министри во реконструкцијата на Владата

13/07/2026
Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора

Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора

13/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Времето денеска: Сонце, умерена облачност и засилен северен ветер

13/07/2026
Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.