Актуелниот шампион во НБА, Оклахома Сити Тандер, се наоѓа на чекор до ново финале, откако славеше против Сан Антонио Спарс со 127-114 и поведе со 3-2 во финалната серија на Западната конференција.
Најзаслужен за победата беше Шаи Гилгус-Александар со 32 поени, додека Алекс Карузо донесе голема енергија од клупата со 22 поени. Одличен настап имаше и Џаред Меккејн со 20 поени во својот прв старт во плејофот.
Со двоен ефект кај Тандер натпреварот го завршија Чет Холмгрен со 16 поени и 11 скока, како и Исаија Хартенштајн со 12 поени и 15 скока.
Кај Спарс, Стефон Касл постигна 24 поени, Џулијан Шампањи додаде 22, додека Виктор Вембањама беше ограничен на 20 поени.
Шестиот натпревар ќе се игра во четврток во Сан Антонио, а евентуална мајсторка би била во сабота во Оклахома Сити.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











