Микел Артета, стратегот на Арсенал, е прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната 2025/26.
Артета ја доби наградата во силна конкуренција, во која беа и Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Режис Ле Бри и Мајкл Карик.
Под негово водство, Арсенал ја освои шампионската титула во Англија, завршувајќи ја сезоната со 85 бодови од 38 натпревари. Лондонскиот клуб го остави Манчестер Сити зад себе со седум бодови разлика, освојувајќи ја првата титула по пауза од 22 години.
Артета го презеде тимот во декември 2019 година и оттогаш има освоено значајни трофеи, меѓу кои ФА Купот и два Лига купа.
Арсенал во сабота ќе настапи во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кое ќе се игра на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











