Туристички брод со име „Големиот шеф“ потона во близина на Рајскиот Остров кај турското летувалиште Мармарис, откако за време на дневно крстарење почнал да прима вода и за кратко време завршил под површината.
На бродот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 148 лица, меѓу кои 120 возрасни патници, 20 деца и осум членови на екипажот.
Според соопштението на гувернерот на областа Мугла, веднаш по добиената пријава за потонување биле активирани спасувачките служби, кои во координација со други пловни објекти во близина започнале итна акција за евакуација.
Благодарение на брзата реакција на спасувачките екипи и помошта од околните бродови кои веднаш пристигнале на местото на несреќата, сите патници и членови на екипажот биле безбедно извлечени и пренесени на копно.
Засега нема информации за повредени лица, а локалните власти наведуваат дека е избегната голема трагедија.
Причините поради кои туристичкиот брод почнал да тоне сè уште не се познати. Надлежните служби спроведуваат истрага која треба да утврди што довело до инцидентот во водите кај Мармарис.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












