Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Скопје ќе го одржи својот 32. Конгрес, посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата. Станува збор за документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и клучните приоритети на СДСМ во наредниот период.
Според најавите од партијата, Конгресот ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел свое обраќање ќе има претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
По завршувањето на официјалниот дел ќе започне работната сесија, во која делегатите ќе бидат распределени во групи организирани според шест програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат, анализираат и дополнително ќе се доработуваат документите, кои потоа ќе бидат ставени на усвојување во нивната конечна верзија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












