Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип.
Според првичните информации, постои сомневање дека огнот бил предизвикан од удар на гром, при што се запалила сува трева.
Поради силниот ветер, пожарот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи од Територијалната противпожарна единица Штип.
Пожарникарите работат на негово локализирање, спречување на понатамошно ширење и заштита на објектите во близина кои би можеле да бидат загрозени.
На барање на Општина Штип е побарана и дополнителна помош, по што екипи од ТППЕ Кочани и ТППЕ Свети Николе се упатени кон местото на настанот за да помогнат во гаснењето и ставањето на пожарот под контрола.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












