Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од неколку скопски општини.
Во општина Кисела Вода, без струја ќе бидат корисниците на улицата „Банско“ во периодот од 08:00 до 13:00 часот.
Во општина Илинден, прекин е најавен од 09:00 до 11:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „10“ во населбата Кадино.
Во општина Центар, исто така во периодот од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе останат објектите во близина на Природонаучниот музеј и Зоолошката градина.
Од ЕВН посочуваат дека прекините се дел од планирани активности за одржување и подобрување на електродистрибутивната мрежа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












