Поради најавени технички зафати, од 09:30 часот без водоснабдување ќе останат жителите на улицата „29 Ноември“ број 59 во општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се изврши замена на водоводен приклучок со дијаметар ф-80 мм, поради што водата ќе биде исклучена до завршување на работните активности.
Надлежните посочуваат дека снабдувањето со вода ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата на терен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












