Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека постигнатиот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран „целосно ќе го отвори патот за воспоставување траен мир и стабилност во нашиот регион“.
Тој истакна дека е направен „голем чекор“ во конфликтот што, како што рече, започнал на 28 февруари по израелските провокации, оценувајќи дека со тоа напнатиот регион конечно добива можност да „воздивне со олеснување“. Изјавата Ердоган ја даде за турските медиуми по состанок на Владата во Анкара.
Според информациите, САД и Иран постигнале договор за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, а неговото официјално потпишување се очекува на 19 јуни во Швајцарија, пренесе „Бета“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












