• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

Градот Скопје ова лето ќе организира наставно-научен едукативен камп за учениците од средните училишта, кој ќе се одржи во Охрид од 19 до 31 август. Целта на кампот е да им овозможи на младите да стекнат нови знаења, да развиваат креативно размислување и да создадат нови пријателства преку различни образовни и спортски активности.

Информацијата ја сподели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека вложувањето во младите претставува една од најважните инвестиции за иднината на градот и државата.

„Ова лето, Охрид ќе биде место каде нашите средношколци ќе учат поинаку, ќе размислуваат послободно и ќе создаваат нови пријателства и искуства кои долго ќе ги паметат. Знаењето е најголемата инвестиција во иднината, а наша обврска е да им овозможиме на младите што повеќе можности за развој и напредок“, порача Ѓорѓиевски.

Во рамки на кампот ќе бидат организирани научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети, како и спортски активности. Програмата е осмислена да ја поттикне љубопитноста, креативноста, критичкото размислување и лидерските вештини кај учениците.

Според градоначалникот, најголемата вредност на кампот е можноста младите да сфатат дека знаењето не претставува само училишна обврска, туку алатка која отвора нови хоризонти, гради карактер и создава подобра иднина.

Од Град Скопје нагласуваат дека преку ваквите проекти продолжуваат да инвестираат во образованието и развојот на младите генерации, создавајќи услови за нивен личен и професионален напредок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени
Вести

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити
Вести

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка
Вести

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
Следна вест
Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.