Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ реализираше акција за генерално чистење во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, во рамки на активностите за одржување на чиста и здрава животна средина.
Од претпријатието информираат дека во текот на акцијата биле собрани и транспортирани околу 20 кубни метри претежно кабаст отпад, кој бил отстранет од училишните простории и од дворот на гимназијата.
„ЈП ‘Комунална хигиена’ секоја година спроведува едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чии рамки учениците се запознаваат со активностите на претпријатието и како да ја заштитат својата животна средина преку правилно постапување со отпадот и примарна селекција“, наведуваат од претпријатието.
Со оваа акција, како што додаваат, се придонесува кон подигнување на еколошката свест кај младите и одржување на почиста училишна средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












