Во Скопје денеска ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне во попладневните часови од Градскиот парк.
Организаторите наведуваат дека настанот има за цел промоција на човековите права, еднаквоста и борбата против дискриминацијата, со пораки за поголема видливост, солидарност и почитување на различностите.
Маршот ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, по што учесниците ќе се движат по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“.
Завршницата на настанот е предвидена во паркот „Жена борец“.
Поради одржувањето на маршот, во повеќе делови од градот ќе биде воведен изменет режим на сообраќај, со привремени ограничувања и пренасочување на движењето на возилата долж трасата по која ќе се движат учесниците.
Од организаторите апелираат граѓаните навреме да се информираат за сообраќајните измени и да покажат разбирање за привремените ограничувања во централното градско подрачје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












