Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство 2026, откако со два постигнати голови ја предводеше Португалија до убедлива победа од 5:0 над Узбекистан.
По последниот судиски свиреж, 41-годишниот капитен испрати кратка, но силна порака: „Се вратив“.
Со овие два гола, Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал погодок на шест различни Светски првенства, додавајќи уште едно големо достигнување во својата кариера.
По натпреварот, тој објасни што сакал да каже со изјавата.
„За да не заборават“, кратко одговори Роналдо.
На прашањето дали ова е најдобриот одговор на критиките по слабиот настап во првото коло против ДР Конго, тој беше уште пократок.
„Секогаш“, изјави португалскиот капитен.
Роналдо призна дека изминатите денови биле тешки за него и за тимот.
„Пресреќен сум, но најважно е што тимот покажа карактер. Цела недела бевме под силни критики. Знаевме дека тоа ќе се случи, но продолживме да работиме и се подобривме. Понекогаш од лошите моменти произлегуваат добри работи“, изјави тој.
Со вкупно десет голови на светските првенства, Роналдо го надмина и Еузебио на листата на најдобри португалски стрелци во историјата на мундијалите.
„Секогаш е убаво да се рушат рекорди, но најважно е тимот да ги постигне целите. Со освоените четири бода, мислам дека сме блиску до пласман понатаму и сум задоволен“, додаде тој.
Роналдо истакна дека критиките силно влијаеле врз него.
„Тоа беше тежок период, речиси ме испратија во пензија, но издржав. Верував во себе и во тимот. Беше тешко, но се вративме“, порача тој.
Во меѓувреме, неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси има одличен турнир и постигнува нови рекорди. На прашањето за неговите настапи, Роналдо одговори кратко.
„Не ми е гајле за Меси“, пренесуваат португалските медиуми.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












