Корисниците на дел од улицата „Салвадор Аљенде“ во Општина Центар денеска ќе останат без вода поради уличен дефект на адреса број 69б.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае сè до целосно отстранување на дефектот.
Надлежните апелираат до граѓаните од погодениот дел на улицата да ги преземат потребните мерки и да обезбедат доволно вода за основните потреби до нормализирање на снабдувањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












