Делови од четири скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.
Според најавата, прекини во снабдувањето ќе има во делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, во различни временски интервали во текот на денот.
Во општина Аеродром без струја ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“, додека во Гази Баба прекинот ќе ги зафати делови од улицата „Методија Андонов Ченто“ и околните објекти.
Во Карпош и Ѓорче Петров се предвидени краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Вангел Дину“, „Франце Прешерн“, „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“.
Од ЕВН Македонија информираат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде целосно нормализирано веднаш по завршувањето на планираните технички работи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












