Општина Кисела Вода отвори постапка за доделување еднократна парична помош за жителите кои претрпеа поголеми штети од неодамнешното невреме.
Градоначалничката Бети Стаменковска-Трајковска ги повика граѓаните да поднесат барање во Архивата на Општината со потребната документација, меѓу која фотографии од штетата, записник од надлежен орган и доказ за сопственост.
По приемот на барањата, посебна комисија ќе ја процени секоја пријава и ќе одлучува за одобрување на финансиската помош.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












