Безживотно машко тело е пронајдено во реката Пчиња во близина на Катлановска Бања, а полицијата и Јавното обвинителство работат на утврдување на идентитетот на починатиот и на расчистување на сите околности поврзани со случајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 7 јули 2026 година, околу 14:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во реката Пчиња, кај Катлановска Бања, било забележано безживотно машко тело.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина, каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.
Од МВР додаваат дека се преземаат сите неопходни мерки за идентификација на починатиот, како и за целосно расветлување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












