Државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, го симнал и запалил знамето на Општина Прилеп поставено пред општинската зграда.
Од МВР информираат дека настанот се случил на 11 јули околу 01:05 часот, кога полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија.
Според пријавеното, тој го отстранил знамето на Општина Прилеп и потоа го запалил.
Од полицијата велат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












