Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ кој леташе на релација Солун – Меминген, а мораше да се врати на аеродромот во Солун откако се појави сериозен проблем за време на летот.
Според информациите, авионот се наоѓал во македонскиот воздушен простор кога дошло до инцидентот, поради што, согласно правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО), надлежноста за истрагата ѝ припаѓа на Македонија.
Во авионот настанала вистинска драма откако дел од оштетувањето предизвикало кршење на стакло во патничката кабина. При инцидентот бил повреден 61-годишен државјанин на Србија, кој според првичните информации бил во сериозна опасност, а неговата сопруга наводно му помогнала да остане во авионот.
Авионот, кој полетал од Солун кон германскиот град Меминген, безбедно се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун, каде што го пречекале итните служби.
Надлежноста на Македонија за спроведување на истрагата, според српските медиуми, е потврдена и преку информации од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (НТСБ), независна федерална агенција која истражува несреќи во цивилниот транспорт.
Истрагата треба да утврди што точно го предизвикало дефектот и како дошло до оштетување на авионот за време на летот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












