ФИФА потврди дека првиот гол на Англија во четвртфиналниот дуел против Норвешка бил целосно регуларен, откако беше проверена ситуацијата со наводниот контакт на топката со сајлата на камерата над теренот.
Норвешкиот голман Ориан Ниланд по една интервенција при исфрлање на топката со нога побара прекин на играта, сметајќи дека топката ја допрела сајлата на камерата која се наоѓа над игралиштето. Сепак, судијата не го прекина натпреварот, а акцијата продолжи со која Англија стигна до погодок.
По дополнителната проверка, ФИФА објави дека немало никаков контакт меѓу топката и опремата над теренот. Според податоците од сензорот вграден во топката, не е регистриран допир додека таа била во воздух, што потврдува дека играта била правилно продолжена.
Англија подоцна постигна уште еден погодок и со победа од 2:1 по продолженија обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












