• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

12/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

Четвртфиналниот дуел на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина и Швајцарија, кој заврши со победа на „гаучосите“ од 3:1 по продолженија, освен со возбудувањата на теренот беше одбележан и со еден момент кој привлече големо внимание во јавноста.

Во центарот на вниманието се најдоа капитенот на Аргентина, Лионел Меси, и португалскиот судија Жоао Педро Пињеиро, кои влегоа во жестока расправа поради начинот на кој арбитарот му се обратил на аргентинскиот фудбалер.

Инцидентот се случил во првото полувреме, непосредно пред изведувањето слободен удар за Швајцарија. Меси се наоѓал во живиот ѕид, а судијата му укажал да се помести на пропишаното растојание. Капитенот на Аргентина реагирал на тонот и гестикулациите на Пињеиро, а разговорот продолжил и по изведувањето на ударот.

Телевизиските камери го фатиле моментот кога Меси повторно му пришол на судијата. Според читањето од усните, аргентинската ѕвезда му порачал:

„Зборувај со мене со почит. Не покажувај непочитување. Ти зборувам убаво“.

И покрај размената на зборови, Меси останал смирен и не дошло до дополнителна ескалација. Ситуацијата поминала без дисциплински мерки, но брзо стана една од најкоментираните сцени од четвртфиналето.

Судијата Жоао Педро Пињеиро, 38-годишен арбитар од Португалија, важи за еден од најперспективните европски судии. Тој дебитирал во најсилната португалска лига во 2015 година, а само една година подоцна станал судија со значка на ФИФА.

Во текот на кариерата Пињеиро судел натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Суперкупот на УЕФА во 2025 година, што му донесе место меѓу арбитрите избрани за Светското првенство 2026.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија
Вести

Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

12/07/2026
Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата
Вести

Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

12/07/2026
ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето
Вести

Ноќна потрага кај Матка заврши успешно, пронајден изгубениот турист

12/07/2026
Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android
Вести

Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android

12/07/2026
Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“
Вести

Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

12/07/2026
Наставните планови и програми ќе мора да се променат, вели Јаневска, затоа што очигледно не даваат ефект
Вести

Засилени контроли во високото образование, можни затворања на универзитети

12/07/2026

Најнови вести

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

12/07/2026
Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

12/07/2026
Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

12/07/2026
ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето

Ноќна потрага кај Матка заврши успешно, пронајден изгубениот турист

12/07/2026
Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android

Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android

12/07/2026
Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.