• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Судот пресуди: Државата ќе му исплати 7,8 милиони денари на Зијадин Села

12/07/2026
A A
Објавено видео: Горан Ангелов Ќосето конзумира дрога во затвор

Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и го зголеми надоместот што Република Македонија треба да му го исплати за нематеријалната штета што ја претрпе во нападот во Собранието на 27 април 2017 година.

Со одлуката, државата е задолжена да му исплати на Села вкупно 7,8 милиони денари, наместо претходно досудените 5,5 милиони денари од Основниот граѓански суд Скопје.

Во образложението, Апелациониот суд наведува дека првостепениот суд не ја оценил во целост тежината на повредите и последиците што ги претрпел Села, поради што претходниот износ не претставувал правично обештетување.

Судот при определувањето на висината на надоместот ги зел предвид интензитетот и времетраењето на физичките и психичките страдања, намалената животна активност, влијанието врз секојдневното функционирање, како и јавниот карактер на настанот.

Според пресудата, на Села му се доделуваат:

1,5 милиони денари за претрпени физички болки;
900.000 денари за претрпен страв;
3 милиони денари за душевни болки поради намалена општа животна активност;
600.000 денари за душевни болки поради нагрденост;
600.000 денари за повреда на личното достоинство;
600.000 денари за повреда на честа;
600.000 денари за повреда на угледот.

На вкупниот износ ќе се пресметува и законска казнена камата од 1 јуни 2023 година до конечната исплата.

Апелациониот суд ја одбил жалбата на Државното правобранителство, кое барало укинување на пресудата и повторување на постапката. Истовремено, делумно ја прифатил жалбата на Села, но го одбил неговото барање за исплата на дополнителен надомест над 7,8 милиони денари. Во тужбата тој побарувал вкупно 61 милион денари.

Во пресудата се наведува дека Села на 27 април 2017 година бил нападнат од повеќе лица во Собранието, при што се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот. Судот се повикал на правосилните кривични пресуди за нападот и на медицинските вештачења, според кои кај Села останале трајни физички и психички последици, вклучително и посттрауматски симптоми и намалена животна активност.

Со истата одлука, Република Македонија е задолжена да му ги надомести и трошоците за судската постапка во износ од 210.715 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете паднало од четврти кат на зграда во Скопје
Вести

Трагичен настан во Аеродром, пронајден мртов 40-годишен маж

12/07/2026
Пронајдена и отстранета артилериска граната тешка 13,6 килограми
Вести

Пронајдена и отстранета артилериска граната тешка 13,6 килограми

12/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Тешко повреден 14-годишник во инцидент меѓу малолетници во Сарај

12/07/2026
Зарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?
Вести

Уставниот суд со критики за обидите за партизација на неговата работа

12/07/2026
Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата
Вести

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

12/07/2026
Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија
Вести

Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

12/07/2026
Следна вест
Зарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?

Уставниот суд со критики за обидите за партизација на неговата работа

Најнови вести

Двегодишно дете паднало од четврти кат на зграда во Скопје

Трагичен настан во Аеродром, пронајден мртов 40-годишен маж

12/07/2026
Пронајдена и отстранета артилериска граната тешка 13,6 килограми

Пронајдена и отстранета артилериска граната тешка 13,6 килограми

12/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Тешко повреден 14-годишник во инцидент меѓу малолетници во Сарај

12/07/2026
Зарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?

Уставниот суд со критики за обидите за партизација на неговата работа

12/07/2026
Објавено видео: Горан Ангелов Ќосето конзумира дрога во затвор

Судот пресуди: Државата ќе му исплати 7,8 милиони денари на Зијадин Села

12/07/2026
Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.