Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода под сомнение дека со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 јули, откако околу 15 часот пред угостителски објект во Сарај, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу двајца малолетници.
Набргу потоа, пред продажен објект, повторно се сретнале 14-годишното момче и 16-годишниот малолетник, при што постариот со остар предмет му нанел тешка телесна повреда. Во инцидентот, 14-годишникот возвратил со тврд предмет и му нанел повреда на напаѓачот.
Од МВР информираат дека 16-годишникот бил уапсен на 12 јули околу 1:35 часот. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат.
По целосното документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












