Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. седница, на чиј дневен ред се повеќе законски решенија, извештаи и кадровски предлози.
Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, како и за Завршната сметка на Буџетот за 2025 година.
На дневен ред се и измените на Законот за студентскиот стандард по скратена постапка, како и предлог-законите за државните награди, високото образование, обезбедувањето квалитет во високото образование и науката и научноистражувачката дејност, сите во прво читање.
Пратениците ќе ја разгледаат и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026–2030 година, предлог-одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, како и предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Пред Собранието ќе се најдат и годишните извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Државниот завод за ревизија, како и извештајот за состојбата на осигурителниот пазар во 2025 година.
Во рамки на седницата, по скратена постапка, ќе се разгледуваат и измените на законите за супервизија на осигурување, автокампови и енергетика.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












