Жителите на неколку населени места во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани прекини, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње.
Прекин во водоснабдувањето, пак, ќе има од 08:30 до 15:00 часот за жителите на селата Рашче, Бојане и Копаница во Општина Сарај.
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности до нормализирање на снабдувањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












