По свежите утра, викендов ќе донесе стабилно и топло време низ Македонија, додека нов бран нестабилност со дожд и грмежи се очекува од почетокот на следната недела.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови од земјата и долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат до 30 степени Целзиусови, што ќе овозможи пријатно летно време во текот на денот.
И во сабота и недела се очекува претежно стабилно време со мала до умерена облачност и топли дневни температури.
Промена на временските услови се најавува во понеделник, кога на повеќе места ќе има дожд, локални грмежи и нестабилност. Од вторник повторно ќе следува стабилизација на времето, проследена со постепен пораст на температурите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












