Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле оштетени, а на ѕидовите биле испишани графити, меѓу кои и натписот „УЧК“.
Инцидентот бил пријавен во СВР Куманово, од каде информираат дека полициски екипи извршиле увид и работат на целосно расчистување на случајот.
Министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, остро го осуди инцидентот, оценувајќи дека станува збор за чин на вандализам.
Според него, испишувањето на графитите претставува израз на ксенофобија и шовинизам насочен кон српската заедница во државата.
Стоиљковиќ посочи дека во просториите на КУД „Српски вез“ активно работат повеќе од 200 деца кои се занимаваат со фолклор и побара надлежните институции брзо да ги откријат сторителите и соодветно да ги санкционираат.
Од СВР Куманово потврдија дека случајот е евидентиран и дека се преземаат сите неопходни мерки за утврдување на околностите и пронаоѓање на одговорните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












