• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Седници на три собраниски комисии

Со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, Собранието попладнево го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2026 година.

Од владејачката коалиција оценија дека измените се насочени кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, додека опозицијата смета дека ребалансот не носи продуктивен развој и не одговара на реалните потреби на граѓаните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во образложението пред пратениците истакна дека ребалансот претставува навремено усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и обезбедување средства за законските обврски и развојните приоритети.

Според неа, со усвојувањето на ребалансот продолжува инвестицискиот циклус, реализацијата на инфраструктурни проекти, поддршката за локалниот развој, како и создавањето услови за поголема сигурност за граѓаните и стопанството.

Од опозицијата, пак, пристигнаа критики за економската политика на Владата. Пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ рече дека неговата партија ќе го поддржи ребалансот, но побара Владата да гарантира навремена исплата на субвенциите за земјоделците.

Битиќи посочи дека со ребалансот дефицитот достигнува 46,2 милијарди денари и оцени дека првичните буџетски проекции не ги дале очекуваните резултати.

Тој предупреди на намалување на приходната основа, раст на задолжувањето и донациите, како и на слабата реализација на капиталните расходи. Според него, државата полесно реализира тековно трошење отколку развојни инвестиции.

Од владејачкото мнозинство, пак, одговорија дека ребалансот е подготвен со цел зачувување на финансиската стабилност и продолжување на економскиот раст.

Со дополнетиот ребаланс, вкупните приходи се планирани на 379,5 милијарди денари, што е зголемување од 1,2 проценти во однос на првичниот Буџет. Расходите се зголемуваат на 425,8 милијарди денари, односно за 2,8 проценти повеќе од првичните проекции.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, што претставува 4,1 процент од бруто домашниот производ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион
Вести

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин
Вести

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба
Вести

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува
Вести

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне
Вести

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Живот

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,27 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

27/07/2026
Следна вест
Тетовец крадел нафта од резервоар на камион

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

Најнови вести

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.