• Импресум
Tuesday, July 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
A A
Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан.

Според информации од полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека му помагал да се сокрие и да избегне откривање.

Танасковски се сомничи за обидот за убиство што се случил на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва. За него била распишана меѓународна потерница преку НЦБ Интерпол Подгорица.

Од Полициската управа на Црна Гора информираа дека акцијата била спроведена од службеници на Регионалниот безбедносен центар „Запад“, во соработка со Секторот за спречување криминал.

„Во акцијата беше пронајден и, според меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, лишен од слобода е А.Т. (19), државјанин на Северна Македонија, осомничен за обид за убиство на член на спротивставена криминална група“, соопшти црногорската полиција.

Во истата акција, Н. Марковиќ бил приведен по налог на државен обвинител од Основното државно обвинителство во Никшиќ, поради сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршување на кривично дело.

Црногорските власти продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево
Вести

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“
Вести

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него
Вести

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
Тетовец крадел нафта од резервоар на камион
Вести

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026

Најнови вести

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.