До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, информира Министерството за здравство.
Од ресорното министерство посочуваат дека на Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето, а резултатите од лабораториските анализи сè уште се очекуваат.
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и следење на состојбата.
„Навремено ќе ја информираме јавноста за сите нови сознанија“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












