Тројца жители на Скопје биле приведени откако се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари во банка со фалсификувана лична карта и лажна документација.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода лицата на 29 јули, во моментот кога банкарските службеници ја обработувале поднесената документација.
Станува збор за тројца скопјани на возраст од 45, 21 и 29 години, за кои постои сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Според полициските информации, 45-годишниот осомничен, со помош на другите две лица, се обидел да аплицира за кредит користејќи лична карта со своја фотографија, но со податоци на друг граѓанин.
Покрај фалсификуваната лична карта, биле доставени и други документи со невистинита содржина, потребни за одобрување на кредитот.
Тројцата биле спречени пред исплатата на средствата. По консултација со јавен обвинител, тие биле изведени пред судија на претходна постапка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












