Триесет и седумгодишен жител на Струмица е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект во градот, при што ѝ нанел тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 31 јули околу 12:40 часот во кафуле во Струмица. Осомничениот З.П. (37) со остар предмет ја повредил 34-годишната жена во пределот на лицето, по што избегал од местото.
По кратко време, тој самиот се пријавил во Полициската станица Струмица, каде со него бил извршен службен разговор. При алкотестирање било утврдено дека имал 1,20 промили алкохол во организмот.
Повредената жена била пренесена во Медицинскиот центар во Штип, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Од Основното јавно обвинителство Струмица информираат дека случајот се гони како обид за убиство, а осомничениот денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












