Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8.
Свеченоста ќе се одржи во Владата, каде ќе бидат потпишани Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Обезбедените средства се наменети за реализација на третата фаза од проектот за изградба на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, која претставува клучен сегмент од источниот крак на Коридорот 8 и е дел од стратешкото железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












