Полицијата го пронајде и го уапси 19-годишниот возач кој вчера во Скопје со возило „фиат пунто“ удри 48-годишна жена и го напушти местото на сообраќајната несреќа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Н.Н. од Скопје бил лишен од слобода денеска, откако било утврдено дека на 5 август во 21:20 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, со патничко возило удрил во А.С.К. (48) од Скопје и избегал.
Жената во несреќата се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
По пријавата, увид извршила екипа од СВР Скопје, а веднаш биле преземени мерки за идентификација и пронаоѓање на возачот и возилото.
По насоки на јавен обвинител, 19-годишникот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












