• Импресум
Monday, May 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Почина Тоде Новачевски – Ја загубил тешката борба со ракот

10/02/2022
Време за читање: 4 минути
A A
Почина Тоде Новачевски – Ја загубил тешката борба со ракот

Денеска во Австралија каде што долги години живееше, се упкои познатиот македонски композитор Тоде Новачевски, кој и беше сопруг на Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска.

Тоде ги напиша сите најубави песни за Маријана и Росана, кои и денес се хитови и се пеат насекаде. Заслужен е за многу хитови што ги испејаа Маријана и Росана и не само тие.

“А од љубов не се бега”,”Ако не исчезнам”, “Признавам”, “Има една судбина”, “Трст виа Скопје”, “Свири ми брате цигане“, се дел од нив.

Тоде до самит крај беше во одлични односи со својата поранешна сопруга, и беше татко на две деца, а подоцна и дедо на Ива која му е внука од синот Филип и снаата Анастасија, а инаку има и ќерка Магдалена.

Тој даде интервју за svet-australia.com, и таму откри дека последниве години се бори со тешка бол-ест и раскажа за неговата борба да ја поб еди.

Авторот на интервјуто вели дека Тоде му ја покажал “птицата” што ја добил на подарок од болницата “Аустин” од од одделот на славната Оливиа Њутон – Џон, кој се грижи за пациенти заболени од кан -цер.

– Оваа птица ми беше подарена пред неколку дена, на крајот на терапијата со радијација. Иако мојот ра-к на белите дробови нема никаква врска со Ко -вид 19, почетокот на проблемот, пред две години и развојот на болеста беа скоро исти.

Од една страшна инфекција добиена заедно со грип и после недобро направена дијагноза, за неколку месеци стигнав до внатрешно кр в-ар ење, и до метас-тази кои ме раздрмаа и физички и психички до максимум.

Сепак, засега барем низ оваа моја последна животна епизода поминувам како да ми е почеток на еден нов, поубав и посреќен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост…

За да биде сето тоа уште потешко и поемотивно, дојде и веста за влошување на здравјето и упокојувањето на мојот татко Владе. Ете таков е редоследот на нештата низ кои минував во периодот на последните 2 години, заедно со мизеријата со вирусот, која ни го поремети животот на сите нас.

Јас сепак не го пишувам сево ова за да се жалам, туку напротив за да се пофалам со фактот дека во овој тежок период на животот, кога со моето нарушено здравје стигнав и до тоа да не знам дали утрешниот ден ќе ми е последен, да сум сепак позитивен, ведар, спокоен, мотивиран и со желба за живот како никогаш досега во последните две децении“, изјавил композиторот.

Потоа, тој зборувал и за своите деца и внуката, но и за односот со поранешната сопруга, Маријана.

– Токму во најтешкиот период на животот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на синот Филип и снаата Анастасиа, па веридбата на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик.

Можете да замислите со колкава радост и гордост сме исполети со Маријана, јас и најблиските од двете страни на нашите семејства.

За мојот однос со децата би можел да зборувам со денови, но за оваа прилика би сакал само да напомеам дека си ги сакам најмногу на свет, а во исто време сум и преблагодарен на Маријана што не дозволи нашата разделба и развод негативно да влијаат на мојата врска со нив.

Истото пробав да го правам и јас, свесен дека децата не се ни најмалку виновни за недоразбирањата кои во кризниот период на нашата врска не успеавме да ги надминеме.“, изјавил Тоде во интервјуто.

Тој прозборел и зошто се разделил од Маријана:

Животот во Австралиа мене лиčно ме измени до тој степен, да се осеќав како губитник на кој не му успева апсолутно ништо, ни да си најди работа во својата професија, ни да го заштити своето семејство од разно разни глупости кои доаѓаа од примитивци кои не принудија да одиме дури и по австралиските судови.

Ни од зак аните по живот кои ни стигнуваа напишани на наш македонски јазик, ни од стравот дека целата работа и нашиот скромен имот, ни виси на конец од истите тие луѓе кои ни доаѓаа на кафе и ни изигруваа пријатели…

Ете тоа мене лично ме направи неспособен за компромис и за пребродување на кризата во нашата врска. А јасно е дека без компромс, врски не постојат.“, рекол Тоде минатото лето.

-Рековме ЗБОГУМ . Сакам песно моја да те испеам сета болка своја, како солза да ја слеам…..

Одлетај песно моја моја гулабице побарај ведро небо за мојот бол на срце.

Почивај во мир Тоде мој, таму некаде каде болки И премрезја не постојат“, напиша Маријана Новачевска на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот, кажа Сиљановска-Давкова
Вести

Претседателката со честитка за 24 Мај: Јазикот е колективна меморија на еден народ

24/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и традиција

24/05/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати
Вести

Филипче: Македонскиот јазик е рамноправно признат во Европската Унија

24/05/2026
Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван
Вести

Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван

24/05/2026
Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица
Вести

Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица

24/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници
Вести

СДСМ прифаќа покана, но со услов: Дебата со медиуми и камери

23/05/2026
Следна вест

Кастриот Реџепи призна дека за време на гласањето доверба на Влада се криел во премиерската вила: Срцето, сепак, не му било во Вашингтон и Брисел

Најнови вести

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот, кажа Сиљановска-Давкова

Претседателката со честитка за 24 Мај: Јазикот е колективна меморија на еден народ

24/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и традиција

24/05/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати

Филипче: Македонскиот јазик е рамноправно признат во Европската Унија

24/05/2026
Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван

Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван

24/05/2026
Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица

Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица

24/05/2026
„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.