• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ковачевски и Османи ќе ги посетат ли Македонците во Бугарија и Грција?

30/08/2022
A A
Ковачевски и Османи ќе ги посетат ли Македонците во Бугарија и Грција?

Конечно се случи и тоа – македонски министер се заинтересира за македонско малцинство во странство. Имено, Македонците од Албанија деновиве добија можност да му ги кажат своите маки на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ќе се случеше ли ова да не почнаа Македонците од Албанија да кажуваат гласно дека се под притисок на бугарската пропаганда? Доволна ли е една средба со министерот, ќе се реагира ли и поконкретно?

Македонците му зборуваа на Османи за тоа како се изложени на зголемена бугарска пропаганда и уцени од Софија за да се попишат како Бугари на пописот во октомври. Му зборуваа за потребата да добиваат помош за чување и зајакнување на сопствениот македонски идентитет…

–Македонија дава поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница преку конкретни проекти и соработка, рече министерот Османи по средбата во Голо Брдо.

По критиките за анемичност кон овој проблем сега заинтересираност покажа и премиерот Димитар Ковачевски кој од Скопје порача дека македонската влада активно ги следи случувањата со Македонците во Албанија и им стои на располагање.

Требаше ли македонските функционери да чекаат и да се заинтересираат за проблемите на нашите сонародници во соседната земја откако за нив алармираа и тие и медиумите? Проблемот со бугарската пропаганда меѓу Македонците во Албанија не е од вчера туку е постојан во последниве години.

Но, сепак ете се размрдаа малку што е добро. Сега ќе дојдат ли на ред и Македонците во Бугарија и Грција? Тие ги немаат основните човекови права на национално изјаснување, на употреба на мајчин јазик, на секакви начини им се попречува политичко организирање. Тоа нема да ги натера Ковачевски и Османи да ги посетат, да видат што треба да се помогне?

Нашата дипломатија ќе ја пее ли и понатаму оваа песна: „не можеме да се мешаме во вантрешните работи на другите држави“? Стојко Стојков, копретседател на нерегистрираната македонска партија ОМО „Илинден Пирин“ во Бугарија неодамна беше катогоричен дека таквите изговори не се основани.

– Човековите права не се внатрешно прашање на државите. На експертскиот состанок на ОБСЕ за правата на малцинствата одржан во Женева во 1991 беше формулирано правилото што се цитира како класично по тоа прашање: „Прашањата поврзани со националните малцинства, како и придржувањето кон меѓународните обврски и ангажмани за правата на националните малцинства, се прашања од легитимен меѓународен интерес и грижа и следствено не претставуваат исклучиво внатрешна работа на државите, изјави Стојков кој повеќе пати укажувал како се оставени сами на себе.

Што ќе направат Ковачевски и Османи? Во последно време многу бугарски функционери проврвеа низ Македонија за да се сретнат со свои сонародници, нема нашиве да проврват низ Бугарија каде има многу Македонци?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Возач со „фиат“ прегази жена во Ѓорче Петров и избега

06/08/2026
Следна вест
Ќе почекаме

Ќе почекаме

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.