• Импресум
Tuesday, July 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мисијата на NASA околу Месечината закажана за ноември 2024-та

08/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Мисијата на NASA околу Месечината закажана за ноември 2024-та

Американската национална агенција за вселенски истражувања NASA го подготвува лансирањето на мисија со екипаж околу Месечината во ноември следната 2024 година, по успешниот пробен лет без екипаж, беше објавено во вторникот.

Челниците на NASA ја објавија новината за програмата „Artemis“ (Артемида), чијашто цел да ги врати мисиите со астронаути на Месечината првпат по завршувањето на историските мисии „Appolo“ во 1972 година.

Првата мисија „Artemis 1“ заврши во декември кога капсулата „Orion“ без екипаж безбедно се врати на Земјата по повеќе од 25 дена патување околу Месечината.

Мисијата „Artemis 2“, која треба да биде лансирана кон крајот на ноември 2024 година, ќе понесе четиричлен екипаж околу Месечината, но без да слета на природниот сателит на нашата планета.

„Со нетрпение очекуваме тој екипаж да лета на Artemis 2“, изјави за новинарите Џим Фри од NASA.

Агенцијата подоцна годинава ќе ги открие членовите на екипажот на мисијата. Засега се знае само тоа дека еден од нив ќе биде Канаѓанец.

Астронаутите од мисијата „Artemis 3“, пак, планирана за околу 12 месеци по „Artemis 2“, првпат ќе слетаат на јужниот пол на Месечината.

Во NASA се надеваат дека ќе воспостават трајна човечка присутност на Месечината и подоцна ќе покренат повеќегодишно патување на Марс.

Се истакнува, исто така, дека во рамките на целата мисија „Artemis“, NASA планира првпат да испрати на Месечината жена и лице кое не е со бела боја на кожата. Само 12 луѓе, сите белци, чекореле по Месечината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чоколадото го слави својот ден: Од древен пијалак до светски десерт
Вести

Чоколадото го слави својот ден: Од древен пијалак до светски десерт

07/07/2026
Важно известување од МВР за приемот во Средното полициско училиште
Вести

Важно известување од МВР за приемот во Средното полициско училиште

07/07/2026
Граѓаните на Гази Баба можат да аплицираат за субвенции за греење
Вести

Граѓаните на Гази Баба можат да аплицираат за субвенции за греење

07/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња

07/07/2026
САД го завршија настапот на Мундијалот по тежок пораз од Белгија
Вести

САД го завршија настапот на Мундијалот по тежок пораз од Белгија

07/07/2026
Кисела Вода добива силна поддршка за локален развој и капитални инвестиции
Вести

Кисела Вода ќе доделува еднократна парична помош за штетите од невремето

07/07/2026
Следна вест
Груби за играњето фудбал: Јас дриблам, а градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Груби за играњето фудбал: Јас дриблам, а градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Најнови вести

Чоколадото го слави својот ден: Од древен пијалак до светски десерт

Чоколадото го слави својот ден: Од древен пијалак до светски десерт

07/07/2026
Важно известување од МВР за приемот во Средното полициско училиште

Важно известување од МВР за приемот во Средното полициско училиште

07/07/2026
Граѓаните на Гази Баба можат да аплицираат за субвенции за греење

Граѓаните на Гази Баба можат да аплицираат за субвенции за греење

07/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња

07/07/2026
САД го завршија настапот на Мундијалот по тежок пораз од Белгија

САД го завршија настапот на Мундијалот по тежок пораз од Белгија

07/07/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга

Вардар по девет години повторно во квалификациите за Лигата на шампиони

07/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.