• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пандев распали по Сејдини: Што да разговарам со него, кога не разбира ништо за фудбал?!

21/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Пандев распали по Сејдини: Што да разговарам со него, кога не разбира ништо за фудбал?!

Долго време во нашата јавност се зборува за нарушените односи внатре во ФФМ и дека состојбата меѓу легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев и претседателот на ФФМ се крајно лоши.

Како и што да разговарам човекот (Муамед Сејдини – претседателот на ФФМ н.з.), кога не разбира фудбал, му одговори македонската легенда Горан Пандев на легендарниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, сега во улога на новинар, во емисијата „(Не)успех првака“ на регионалната „Арена Спорт“ на прашањето какви се сега односите на рекордерот на Македонија со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Пандев уште пред историскиот настап на Еуро 2020 е во „војна“ со ФФМ, постојано критикувајќи го раководството за фудбалското неработење и исклучиво личните интереси, па калчо-иконата која лани во септември замина во фудбалска пензија, посочи дека веќе подолг период ја кажува реалноста за состојбите во македонскиот фудбал.

„Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа… Ние отидовме на Европско со стари дресови десет години, мене од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо… Сѐ за лични интереси, нас во Прва лига ни се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии…, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев.

Легендата на македонскиот фудбал со 122 настапи и 38 гола посочи и дека најтешка одлука во кариерата му била откажувањето од националниот дрес во еден период од 2014 до 2016 година, после што се врати, повторувајќи дека „менаџерските шеми“ го натерале да се повлече од националниот дрес.

„Јас плачев за Македонија, а гледав што се сѐ случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сѐ беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа – ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот. После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат А-репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: ‘Ти после настап за Македонија, цел месец не може да дојдеш при себе’“, додаде Пандев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ
Вести

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“
Вести

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

15/06/2026
Ѓорѓиевски: Целосно ја обновуваме улицата за првпат од нејзината изградба
Вести

Ѓорѓиевски: Целосно ја обновуваме улицата за првпат од нејзината изградба

13/06/2026
Малолетничка прегазена од автомобил во Арачиново
Вести

Скопјанка пријавила напад од свекрва, повредена завршила во болница, и го оштететила и возилото

13/06/2026
Следна вест
Се стабилизира банкарскиот сектор, европските берзи растат втор ден по ред

Се стабилизира банкарскиот сектор, европските берзи растат втор ден по ред

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.