Многу ми чудно што власта смета дека ова со уставните измени ке ги реши сите проблеми на граѓаните. Оваа тема не е првостепена и единствен примарен проблем за граѓаните на Македонија. Имаме многу теми, меѓу кои високите цени, инфлација, немање производи, енергетска криза, немање реформи, здравство, образование, судство и многу други кои се поважни од ова. Во сите анкети во последните месеци, менувањето на Уставот и внесувањето на Бугарите не е во првите пет теми кои се проблем на грашните. Власта си најде начин на кој ке покаже на народот дека работи нешто, а не работи ништо. Сите ние тежнееме кон Европската Унија, но СДСМ и ДУИ ги уриваат сликата и угледот со нивните посточеки ставови. Процесот кон ЕУ е толку закочен што не може да се спореди ни со периодот кога го имавме проблемот со Грција. Ако немаме што поскоро избори, ке имаме ситуација како и измиантиов период. ке збориме за уставни измени, а нема да се случат. Ако има избори, и партиите излезат со јасни програми, народот ке го даде мандатот и ке му ја дадат шансата на оној кој заслужува да раководи со Македонија. – вели за „Студио 10“ Никола Тасев, колумнист.












