• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ДИЦ го продолжува штрајкот- ако до петок не добие позитивен одговор ќе се менуваат датумите за државна матура

03/05/2023
Време за читање: 1 минути
A A
ДИЦ го продолжува штрајкот- ако до петок не добие позитивен одговор ќе се менуваат датумите за државна матура

Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) го продолжува штрајкот почнат минатиот вторник затоа што не добиле согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор со кој ќе им бидат зголемени платите.

Повикаа Министерството сериозно да ги сфати и до петок да добијат позитивен одговор затоа што, во спротивно, ќе мора да се менува календарот за сите процеси за кои е надлежен ДИЦ и датумите за полагање на државната матура која треба да почне на 27 мај.

Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација во која членуваат сите 29 вработени, денеска на прес-конференција соопшти дека од Министерството за финансии телефонски ги известиле дека „жалат што имаат толку ниски плати“ и наместо нивниот колективен, како поповолен им го предложиле Законот за административни службеници.

-Но тој е далеку од нашето барање. Ако се прифати понудата за Законот за административни службеници, илјада денари е зголемување за советниците, а на добар дел со минимална плата во ДИЦ, кои се клучни во работата, нема да им се промени платата. Затоа ова нема да го разгледуваме ни како опција. По обидот повторно да бидеме игнорирани и неудостоени со одговор на нашето барање, ДИЦ имаше седница на Собрание на синдикатот и едногласно одлучи штрајкот да продолжи, изјави Бошковска.

Појаснувајќи зошто за нив е неприфатлива понудата од Министерството за финансии, таа рече дека главна надлежност на ДИЦ е да се грижи за квалитетот на образованието во државава, а Законот за административни службеници не го предвидува тој дел односно делот на образование на сите вклучени во институцијата.

Дваесет и девет вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) од вчера се во генерален штрајк зашто не добиле согласност од Министерството за финансии на нивното барање за зголемување на платите.

-Бевме одамна свесни за тоа и една од причините зошто се задржавме на наш колективен е тоа што сме посебни како институција и вработените се со поинаков начин на обука, затворен е системот, малку вработени се, за да нема пробивање на тестови, високоодговорни задачи за секој од нив и повеќе процеси за еден човек, рече Бошковска.

Ги зеле предвид сите одговорности што ги имаат во овој период и со оглед на календарот и закажаните испити го повикаа Министерството за финансии, како што рече, „сериозно да нѐ земе предвид кога ги донесува одлуките и до петок да добиеме позитивен одговор за да може воопшто да се реализира матурата со овие датуми“.

-После петок, какви било преговори ќе треба да се однесуваат на промена на календарот и измена на датумите за матура. Не би сакале да дојде до тоа, но и тоа е опција. Ќе бидеме трпеливи. Матура ќе има, ние не сакаме да оштетиме никого, и сите процеси сакаме да ги реализираме, но ќе мора да се менува календарот. Сепак, во интерес на учениците е ова да биде што побрзо и да не менуваме датуми, апелираше Бошковска.

Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари.

Од штрајкот на ДИЦ се засегнати 15 620 матуранти кои се пријавени за 27 мај и на 10 јуни да ги полагаат двата екстерни испита. Исто така, стопирано е и меѓународното тестирање ТИМСС, со кое се мерат постигнувањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). Тестирањето почна на 3 април и опфаќа околу 4900 ученици во 150 основни училишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ
Вести

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
Следна вест
Васил Рингов, вардарова легенда која живее за клубот

Васил Рингов, вардарова легенда која живее за клубот

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.