• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Меџити тврди дека нема политика во разрешувањето на д-р Јовев, станувало збор за менаџирање и злоупотреба на работното време

06/06/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Меџити тврди дека нема политика во разрешувањето на д-р Јовев, станувало збор за менаџирање и злоупотреба на работното време

Ние во сите клиники имаме еден тајминг и праќаме инспекциски надзор. Од Државен санитарен инспекторат, наредив, а има инспекција во Клиниката за кардиохирургија и видовме од извештајот дека има големи злоупотреби и поради тоа така постапив. За тоа одлучуваат професионалните органи. Тие решиле дека има злоупотреба и затоа така постапив. Нема да дозволам да има директори кои 5 до 10 години не доставиле никаков извештај и немаат ништо сработено. Не работиме напамет, имавме сознанија и имавме од одредена клиника поплаки за мобинг и други злоупотреби. Оваа клиника беше случајно. И во наредните месеци ќе пратиме инспекции во сите клиники и здравствени установи, рече министерот за здравство Фатмир Меџити во гостување на ТВ 24 за разрешувањето на проф. д-р Сашко Јовев од позицијата директор на Државна кардиохирургија.

Меџити рече дека не навлегува во стручноста на професорот Јовев бидејќи на Клиниката меѓу себе се знаат „кој колку вреди“.

На прашањето зошто се формализира кога д-р Јовев е исклучителен лекар под чие раководство беше извршена првата трансплантација на срце, подоцна и уште седум трансплантации, Меџити рече дека не ја спори стручноста.

„Јас за него како професионалец нема да коментирам, не навлегувам во неговата стручност, и јас доаѓам како лекар од Клиничкиот центар, таму се знаеме меѓу себе кој колку вреди. Но да не ја мешаме професионалноста како лекар и како директор. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксуз за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори. Сакам да отфрлам каква било инсуинација дека разрешувањето има политичка позадина. За лоши резултати и злоупотреби го разрешив и директорот на болницата Бардовци кој е од Алијанса за Албанците, партијата од чии редови сум и јас министер“, рече Меџити.

Проф. д-р Јовев во изјава за „Фокус“ денес рече дека Меџити го разрешил бидејќи пред една недела го избрал датумот кој го предложил премиерот Димитар Ковачевски за отворање на хибридната сала на клиниката.

„Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога официјално да се пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на многубројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан“, рече Јовев за „Фокус“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Возач со „фиат“ прегази жена во Ѓорче Петров и избега

06/08/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за среда, 7-ми јуни 2023-та

Дневен хороскоп за среда, 7-ми јуни 2023-та

Најнови вести

Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Возач со „фиат“ прегази жена во Ѓорче Петров и избега

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.