• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија официјално го доби заемот од ЕУ од 100 милиони евра за справување со последиците од руско-украинската војна

17/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Македонија официјално го доби заемот од ЕУ од 100 милиони евра за справување со последиците од руско-украинската војна

Одлуката на Европската Унија (ЕУ) за обезбедување макрофинансиска помош во вид на заем за Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руско-украинската војна, стапи во сила денеска, откако официјално е објавена во Службениот весник на ЕУ.

Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри минатиот понеделник, е потпишана од претседателката на Европскиот прламент, Роберта Мецола и од шпанскиот државен секретар за Европската Унија, Паскуал Наваро Риос, во името на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ ја одобри Одлуката на своето заседание во Брисел минатиот понеделник со 27 гласа за и ниту еден против или воздржан. Одлуката, што беше усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари годинава, претходно беше одобрена и од Европскиот парламент на 13 јуни, а на 5 јули и од Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР).

Во Одлуката се посочува дека економијата на земјава, која ги започна пристапните преговори со Унијата на 19 јули 2022 година, беше значително погодена од рецесија во 2020 година како последица на ковид пандемијата, како и од енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина, што придонесе за зголемување на фискалните потреби.

„Владата на Северна Македонија покажа силна посветеност за спроведување на понатамошни реформи, фокусирајќи се на клучните области на политиките идентификувани во Заедничките заклучоци од економскиот и финансискиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан и Турција од 24 мај 2022 година, вклучувајќи ги реформите во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, доброто владеење и владеењето на правото“, се наведува во документот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ
Вести

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
Следна вест
Стоп за ненаситното молзење на стопанството и граѓаните

Стоп за ненаситното молзење на стопанството и граѓаните

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.