• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Легитимитетот за уставни измени го даваат граѓаните, а не Европската Унија

18/08/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Легитимитетот за уставни измени го даваат граѓаните, а не Европската Унија

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова ги критикува уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Таа им рече на премиерот Димитар Ковачевски и на гостите од Владата присутни во салата со 61 пратеник да ги донесат измените, како што тоа го направиле кога гласаа заклучоци наместо преговарачката рамка. Според неа, ова што се бара од Македонија е спротивно на европските вредности, без кои Европската Унија нема да биде политички систем, туку машинерија на комесари. Децидна е: „Не можеме именик да правиме од преамбулата, патот до Брисел не може да води преку Софија“.

„Никогаш и никаде преамбулата не била гаранција или место за промоција на етнички идентитети, туку таа е филозофијата на Уставот, духот, метафизиката. Е, господа, духот го нема. Кога нешто менувате, не поради граѓаните и демократијата, туку поради тоа што некој што е заштитен тоа го бара, вие станувате ‘фауст’. Нормативниот дел го изгуби духот“, рече Силјановска-Давкова.

Таа рече дека легитимитетот за уставни измени го даваат граѓаните, а не Европската Унија.

„Прашањето е од кого ни извира легитимитетот за уставните измени, од граѓаните или од Европската Унија? Од каде го добивте легитимитетот? Да ве потсетам дека суверенитетот им припаѓа на граѓаните. Не треба ли да ги прашаме дали се за ваква измена? Вие, господа, гости од Владата, ги прифативте уставните измени и се согласивте да влезете во преговарачката рамка преку протоколот, ама заборавивте дека не сте законодавен орган и не можете законодавни обврски да преземете“, додаде таа.

Потсети дека од 2009 година Македонија добила најмалку 15 „да“ од ЕУ и ЕК. Немало забелешка од Бугарија.

„Јас честопати ги лажам студентите дека Уставот треба ретко да се менува со раце што треперат од одговорност, ама рацете ги искршија одредени пратеници во овој парламент менувајќи го Уставот. Ако промената на Уставот е евроинтегративен фактор, ние ќе претседававме со ЕУ. Ама сè уште не е така“, посочи Гордана Силјановска-Давкова.

Таа рече дека не смее да се зборува за изолација од страна на ЕУ.

„Не можам да не кажам и да ги потсетам пратениците од СДСМ на еден гуру Јирген Хабермас (германски филозоф и социјален теоретичар) кога зборува за уставен патриотизам. За жал, него го нема, но бевме сведоци дека Европа нè чекаше нас, односно претседателот на Собранието зад мене, кој нема никакво разбирање за уставен патриотизам. Се однесувавте како Гари Купер и дојдовте точно на пладне иако требаше да почнеме во 11 часот. Моето прашање е, што би рекол господинот Бадентер, некогашниот претседател на ЕК, кој ги оценуваше уставите, кога препорача да се усвои амандман на Уставот во кој ќе напишеме дека немаме територијални претензии и дека портите на европската заедница за нас ќе бидат отворени. И така, како во 101 приказна, истото го слушаме“, додаде пратеничката.

„Не сме против ЕУ, не сме против Бугарија, меѓутоа членот 8 од Лисабонскиот договор повикува на реципроцитет во меѓународните договори. Бугарија е потписник и ја ратификуваше Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Бугарија има Совет за малцинства, а таму ги нема Македонците. Значи мора да ги има!“, нагласи пратеничката.

Таа рече дека таа има забелешка на сите три амандмани. Лаички е пристапот. Дури и насловот е погрешен. Образложението е катастрофа.

„Не може именик да правиме од Преамбулата! Важна е суштината. Ама најважни се Копенхагеншките критериуми да ги примениме. Не смее патот за Брисел да води преку Софија“, укажа Силјановска Давкова.

Таа истакна дека пратениците како претставници на граѓаните ќе гласаат по сопствено убедување и нема да ги поддржат уставните измени.

„Камбаните овој пат бијат за Македонија и крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава која сака на патот кон ЕУ да оди исто како сите сегашни членки. Не смее да има посебни критериуми и преседани за нас. Затоа мислам дека овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори, бидејќи оваа власт е целосно делегитимирана“, заклучи Силјановска Давкова.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче
Вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија
Вести

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна
Вести

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар
Вести

Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

24/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Со 67 гласа „за“ Собранието го изгласа новиот министер без ресор

24/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за недела, 20-ти август 2023-та

Дневен хороскоп за недела, 20-ти август 2023-та

Најнови вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

24/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Со 67 гласа „за“ Собранието го изгласа новиот министер без ресор

24/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.