• Импресум
Tuesday, March 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Адхара е чудо од дете!ИМА 10 ГОДИНИ, ВЕЌЕ Е НА ЛИСТАТА НА НАЈМОЌНИ ЖЕНИ(ВИДЕО+ФОТО)

23/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A

Тестот за интелигенција на Адхара Перез покажал 162, нешто повеќе од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, чии резултати се проценуваат на околу 160
Деветгодишното девојче Адхара Перез имала три години кога и беше дијагностициран Аспергеров синдром.
Таа во тој период доживеала сериозно малтретирање од нејзините врсници и имала огромни проблеми кога станува збор за социјалната интеракција.
Нејзините родители немале преголеми очекувања, а за време на терапијата дознале дека Адхара има поголем коефициент на интелигенција од Алберт Ајнштајн. Со својата интелигенција Адхара завршила основно училиште на пет години, а средно училиште на осум години.
Денес многумина ја претставуваат како девојка со повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг.Поточно, тестот за интелигенција на Адхара Перез покажал 162, нешто повеќе од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, чија оценка се проценува на околу 160 (иако никогаш не биле официјално тестирани).

 

Она што е важно да се нагласи е дека девојчето е идентификувано како дете со Аспергеров синдром. Во раното детство таа се борела со одредени сегменти од развојот. Нејзиниот најголем проблем бил социјалната интеракција со другите деца на нејзина возраст. Адхара подоцна изјавила дека била „исмејувана на училиште“. Учениците ја малтретирале и ја нарекувале чудак.

Нејзината мајка сведочела дека еднаш ја нашле како си игра во куќичка, а потоа децата почнале да удираат по куќичката.

По овој инцидент, таа станала многу депресивна и одбила да се врати на училиште. Нејзините учителки велат дека изгледала незаинтересирано за часовите, често ги преспивала. Затоа нејзината мајка сфатила дека редовниот образовен систем не и одговара на Адхара и ја однела на терапевт.И покрај тешката економска состојба на семејството, мајката сакала на девојчето да му обезбеди светла иднина. Терапевтот и помогна да се фокусира на средината за учење која е совршена за талентите на Адхара. Девојчето набрзо успеала да заврши средно училиште, и тоа во само неколку кратки години. Таа сега има две дипломи, едната во системско инженерство, а другата во индустриско инженерство со фокус на математика. Паралелно посетува курсеви за астрономија и гравитациони бранови.

Фасцинантно е и тоа што успеала да напише мемоари за своите искуства. Насловот е колоквијален превод на „Не се откажувајте“. Покрај тоа, Forbes Mexico ја ставил на листата на 100 најмоќни жени во Мексико во 2019. година. Во тоа време таа работела на нараквица со молекули за следење на емоциите на децата со посебни потреби за да помогне во предвидување и спречување напади. Адхана е дефинитивно некој кој ги разбира овие тешкотии. Кога имала четири години, имала интензивен напад кој за малку ќе довел до кома. Таа речиси една година не можела да ги движи рацете и морала да оди на физикална терапија. „Потоа Адхара го следеше примерот на Стивен Хокинг; таа рекла дека и покрај неговиот инвалидитет, тоа не го спречило да постигне големи работи“.
„Кога Алберт Ајнштајн беше млад, тие не веруваа во него; мислеа дека неговите идеи се глупави, но тој ги докажа со текот на времето и затоа на Адхари и се допаѓа овој лик“, објаснила нејзината мајка. Покрај тоа, Универзитетот во Аризона на девојчето и понудило место во нивното училиште. Во меѓувреме, таа учи англиски за приемниот испит и продолжува да негува интерес за астрофизиката. Нејзината желба е еден ден да стане астронаут.

 

Фото: Принтскрин/ Youtube

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
Вести

Во касарна во Петровец пронајдена дрога кај припадник на Армијата

03/03/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

03/03/2026
Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари
Вести

Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

03/03/2026
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“
Вести

Полицајци од Кочани се изјаснија како невини во предметот „Пулс“

03/03/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Предоцна е за преговори со Иран, кажа Трамп

03/03/2026
Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот
Вести

Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот

03/03/2026
Следна вест
Омикронот може да ги блокира здравствените системи, предупредува СЗО

СЗО: Трета недела по ред се намалува бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19

Најнови вести

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

Во касарна во Петровец пронајдена дрога кај припадник на Армијата

03/03/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

03/03/2026
Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

03/03/2026
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“

Полицајци од Кочани се изјаснија како невини во предметот „Пулс“

03/03/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Предоцна е за преговори со Иран, кажа Трамп

03/03/2026
Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот

Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот

03/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.